Нов член на семејството Steelcase Series

Запознајте се со Steelcase Series 2!    width= Палета од неколку изведби на работната столица Steelcase Series 2   Пред две години Steelcase ја лансираше работната столица Series 1 со амбициозна цел како никогаш до сега да ги приближи различните перформанси, стил и широк избор.    width= Најпродаваната столица на Steelcase – Series 1     Водејќи се од глобалниот успех на својата најпродавана канцелариска столица, Steelcase повторно воодушевува и го претставува новиот член на семејството Series – работната столица Series 2.    width= Steelcase Series 2изведба со прошиен наслон   Steelcase Series 2 користи Air LiveBack технологија која пружа континуирана поддршка на рбетот и освен пластичниот воздушен наслон или ткаенината 3D Microknit во 19 бои, нуди две можности за тапацирање. Распонот на достапни изведби се вклопува во скоро сите околини – од простор за фокус и соработка, до домашните канцеларии и простори кои бараат едноставни решенија. Приказната позади Air LiveBack технологијата е креирање едноставна комплексност. Креирано е решение кое ги поддржува промените на сите телесни положби и потткнува подобро дишење и циркулација. Со употребата на конвенционални материјали, тоа често тешко може да се постигне, па оттаму се бараа нови начини…    width= Достапни изведни на грбонаслонот – Steelcase Series 2  

Приказната за дизајнот на Series 2

“Наша цел беше да создадеме лесно дишење и едноставно чистење, но примарната цел беше да се осигура потпора на рбетот која ќе е флексибилна, а тоа бараше нешто поразлично, бараше иновација. Имавме потреба од облик кој истовремено може да се прошири и хоризонтално и вертикално, од внатре и од надвор, потпирајќи го движењето на рбетот. Облик кој може да биде и голем и мал, и тенот и дебел, без можност да ја изгуби својата функционалност.” Дизајнерскиот тим Steelcase    width= Брановидна изведба на воздушниот наслон   Воздушен и транспарентен, брановидниот грбонаслон е доволен да пружи потпора за секој дел од рбетот. При движењето се витка во две димензии како би создал прилагодлив, персонализиран комфор и удобност за секој корисник. Целата приказна за дизајнот погледнете ја на видеото. Извор: Steelcase.com