Просторите во кои се комбинираат удобноста, функционалноста и емоционалното задоволство, можат да ги инспирираат луѓето да го дадат максимумот во компаниите, а со тоа да се зголеми продуктивноста, задоволство и ангажманот на вработените.
Ние ви нудиме неколку совети за подобрување на благосостојба на работното место.
1. “Замаглете“ ги линиите / Намалете ги границите
Просториите, кои се креирани со цел да се намали границата помеѓу работниот простор и домот, даваат удобна и комфорна околина во која луѓето се чувствуваат релаксирано и овозможува да размислуваат надвор од кутијата (зададените граници – outside the box)
2.Oпуштете се
За да луѓето имаат удобност и работат комфорно, нозете не треба секогаш да им бидат на подот. Нивната продуктивност може да ја поддржат различните позиции за релаксација.
3.Дозволетеда се случи само од себе
Работата може да се извршува насекаде – неколку минути тука, неколку часа таму. Има многу начини да се завршат работите, но вистинскиот начин е да им дозволите на луѓето сами да го изберат местото и начинот на кој ќе работат.
4.Овозможете им интимност (осаменост) / Дозволете им да бидат сами
Кај поголемиот дел од луѓето во текот на работниот ден расположението се менува помеѓу интровертен и екстровертен начин. Просторите кои им овозможуваат на луѓето да пронајдат интимност, да размислуваат и да се оттргнат, ја поттикнуваат когнитивната и емоционална благосостојба.
5.Поттикнување на бегство – осамувањето
Нетрадиционалното “трето место” – надвор од канцеларијата или домот, им дава на луѓето нова енергија и оптимизам за постигнување на напредок, особено ако тие можат да сметаат на лесен пристап до електрична енергија, додека се таму.
6.Направете зона без електрична енергија
Просторот без конекција за Wi-Fi и приклучок за електрична енергија, ќе ги охрабри луѓето да пронајдат време за конверзација, размена на идеи и мислења, можност да прочитаат некоја книга или даги одморат очите.
7.Направете нов пат
Умствената работа е тешка и интензивна. Кратката пауза и промена од традиционалната работна средина и релаксирање во неформална зонаја поддржува удобноста и продуктивноста.
8.Биди расположен
Различните начини на работа, бараат различни средини. Некои материјали и бои ја стимулираат креативностa, а други размислувањето и спокојот.
9.Вклучете ја природата во работниот простор
Внесете благосостојба во канцеларијата, овозможувајќи им на луѓето да работат надвор. Свежиот воздух и природната светлина делуваат освежувачки. Докажано е дека работата на отворено или во близина на природна светлина ја подобрува креативноста, продуктивноста и ангажманот.
10.Креирај избори
Просторот кој една личност го користи за релаксација и одмор, друга може да го користи за завршување на одредени работни задачи. Широкиот спектар на простори во една компанија е неопходен за да се задоволат различните стилови и потребите во работата.